Connect with us

ФИФА донесе одлука: Еквадор ќе игра на мундијалот

Нe делат уште два месеци од почетокот на Светското првенство во Катар. Првенството кое го следат многу афери уште пред почетокот, од денеска има една мистерија помалку. Еквадор и дефинитивно ќе биде учесник на мундијалот.


Еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастилјо, наводно фалсификувал документи за да има можност да игра за репрезентацијата на Еквадор во квалификациите за Светското првенство.

Репрезентацијата на Еквадор беше тужена од Чиле, но и од Перу, а од елиминацијата на Еквадор корист би имал поранешниот шампион на Јужна Америка, бидејќи би патувал во Катар. Сепак, ништо од тоа.

ФИФА денеска ги отфрли сите обвиненија, Еквадор останува во групата со Катар, Сенегал и со Холандија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови