
Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по повод денешната одлука на Европскиот суд со која европските клубови имаат право да формираат Суперлигата.
ФФМ вели дека целосно ја поддржува УЕФА и нејзиниот начин на работа бидејќи фудбалот е нешто што ги обединува сите на светот.
„Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА.
Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта.
Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински фер плеј.
За љубовта кон играта што не обединува и не мотивира сите заедно“, истакнуваат од ФФМ.
Работнички и Струга Трим Лум исто така објавија дека се против Суперлигата.
„Фудбалскиот клуб Работнички го повторува ставот дека идната благосостојба на европскиот фудбал може да се обезбеди само преку заедничка соработка преку ЕЦА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА“, објави Работнички.
Македонскиот шампион Струга Трим Лум има категоричен став.
„ФК Струга Трим Лум, гледајќи ги најновите случувања во светот на фудбалот, изразува мислење дека напредокот на фудбалот воопшто, а особено успехот и развојот на клубовите од овој спорт зависат главно од соработката со УЕФА и ФИФА.
Во овој контекст, колку и да е мал по важност, ние како клуб не ја поддржуваме одлуката на Европскиот суд на правдата, кој накратко не го зема предвид противењето на лигите кои се под капата на континенталните и светската фудбалска институција, а тоа се УЕФА и ФИФА.
Не ја поддржуваме одлуката која отстапува место за лига за која толку се зборува во светот на фудбалот, како „Европска Суперлига“, стои во соопштението на Струга ТЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина
