
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат во нашата земја организираше и спроведе официјален ВАР семинар, како значаен чекор во процесот на имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал. Семинарот се одржа под водство на реномираниот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, еден од првите ВАР судии на ФИФА и етаблирано име во светски рамки, кој работел како ВАР менаџер во Кипар, Белорусија, Саудиска Арабија и Русија.
Семинарот го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој нагласи дека еден од клучните приоритети на Федерацијата е создавање професионален и квалитетен домашен фудбал.
„Она што беше ветено, станува реалност. Очекувањата се големи и сигурен сум дека сите учесници ќе ги оправдаат. Барам максимална професионалност од секој поединец вклучен во овој процес,“ истакна претседателот Омерагиќ, упатувајќи искрени желби за успех до сите селектирани судии.
Семинарот претставува прва, но клучна фаза од целосниот процес на имплементација на ВАР системот, дел од историскиот, најобемен и најзначаен проект што ФФМ досега го спровела и во финансиска и во логистичка смисла.
Избраните судии веќе започнаа со едномесечна интензивна обука која ќе трае до 4. јули, спроведена според стандардите и методологијата на ФИФА. Обуката започна со теоретски дел во кој учесниците се запознаа со основните принципи на ВАР технологијата и нејзината примена. Следуваат практични симулации во offline ВАР собата, каде се анализираат реални ситуации од натпревари. Обуката е структуирана по нивоа, од едноставни до комплексни случаи кои бараат напредна интерпретација на „Правилата на фудбалската игра“.
Последните две фази од процесот ќе се одвиваат на терен, каде учесниците ќе вежбаат во реални услови, преку симулирани инциденти, пријателски натпревари со ВАР интеграција и целосни натпревари со оперативен ВАР систем. Овие активности ќе се реализираат на тренинг центарот „Петар Милошевски“, со целосна ТВ продукција, минимум седум камери по натпревар и соработка со организирани технички и судиски тимови.
Проектот претставува значаен исчекор во модернизацијата на македонскиот фудбал и потврда на заложбата на ФФМ за унапредување на натпреварувањата, транспарентност, фер плеј и доверба во судиските одлуки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
