Ненадеен срцев удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.
ФИФА користи свои регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите.
Главните чекори што ФИФА ги наложува во кампањата за спречување на ненадејна срцева смрт на теренот – првенствено едукативни програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите, активности што континуирано ги спроведува Комисијата за медицина и антидопинг на ФФМ.
Нашата федерација долги години работи на најдобра можна едукација на нашите фудбалски лекари и персонал за реанимација и итна интервенција.
Сите лекари кои се членови на македонските репрезентации редовно минуваат тренинзи за реанимација, а комисијата за медицина и антидопинг се залага за задолжителни и редовни прегледи за професионалните и младите играчи.
Фудбалската федерација на Македонија со цел подобрување на условите во тој дел и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од МФЛ, донираше дефибрилатори за сите екипи од Првата МФЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













