Connect with us

Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Фета Фетаи (20), поранешниот играч на Работнички и досегашен член на Локомотива Загреб, официјално е претставен како ново засилување на Ал-Шарјах од Обединетите Арапски Емирати. Младиот играч за врска пристигна во редовите на вицешампионот на ОАЕ на едногодишна позајмица, со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната, со што направи значаен чекор напред во својата кариера.

Фетаи пристигна во Локомотива пред две години од Работнички, а во тој период запиша вкупно 55 официјални настапи за хрватскиот клуб. Иако не постигна гол, се истакна со борбеност и агресивност на позицијата дефанзивен играч за врска, а минатата сезона беше рекордер по број на жолти картони во ХНЛ со вкупно 14 опомени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови