Бразилскиот фудбалер Фернандињо го напушти англискиот шампион Манчестер Сити и се врати во својот матичен клуб, бразилскиот Атлетико Параненсе.
37-годишниот играч за врска, кој во текот на кариерата забележа и 53 репрезентативни настапи за Бразил, почна да игра фудбал во овој бразилски клуб, каде дебитираше за првиот тим во 2002 година, а за Атлетико играше до 2005 година. Потоа се пресели во Шахтјор Доњецк за кој настапуваше до 2013 година.
„Доаѓањето во Атлетико Параненсе беше моја желба. Сакам да ја завршам кариерата во тој клуб и сакам да играм само во овие три клуба. Кога ќе погледнам назад, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од целата моја кариера”, изјави дефанзивниот играч за врска кој со Бразил се натпреваруваше на две светски првенства, во 2014 и 2018 година, а во 2019 година беше победник на Копа Америка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal