Манчестер Јунајтед загуби од Астон Вила (0-1) на „Олд Трафорд“, а Бруно Фернандеш имаше шанса од белата точка да спаси барем бод за „ѓаволите“. Но, го изведе очајно и ја прати топката високо над голот.
Сепак, тој вели дека е подготвен повторно да изведува пенал и нема проблем да преземе одговорност.
„Никој не е поразочаран од мене поради поразот и промашениот пенал. Секогаш прифаќав одговорност, живеев за моменти под ваков притисок, но сега – не успеав. За разлика од многупати порано, кога топката заврши во мрежата, сега тоа не се случи. Свесен сум за критиките што следуваат и како професионалец целосно ги прифаќам. Секогаш давам се од себе и така ќе остане, и ќе се вратам посилен и кога е потребно повторно ќе изведам пенал и ќе постигнам гол“, изјави Бруно Фернандеш.
„Црвените ѓаволи“ ја пропуштија шансата со победа да се искачат на врвот на табелата во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













