Турскиот гигант Фенербахче го реализираше трансферот на германската мегаѕвезда Месут Озил, а сега се фокусира и на останатите можни засилувања кои би требало да пристигнат во Истанбул оваа зима. Една од желбите е и новиот фудбалски дијамант од Работнички, Лука Станковски.
Фенербахче, како што МАКФУДБАЛ веќе најави, е сериозно заинтересиран за ангажман на Лука Станковски. Скаутите на клубот ги следеле неговите игри во есенскиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига, тој постигна седум гола и забележа две асистенции на 15 натпревари и во турските медиуми е најавен како „новиот дијамант од Работнички по Елиф Елмас“.
Фенербахче, како што откриваат турските медиуми, подготвува и официјална понуда за Лука Станковски. За стартување на преговорите таа наводно ќе изнесува 400.000 евра. Тоа веројатно е мала сума за трансфер на најдобриот млад фудбалер од Македонија, но треба да биде почеток на официјалните преговори за ангажман на Лука Станковски.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












