
По нападот на навивачите на Трабзон врз играчите на Фенербахче и разгледувањето на одлуката да ja напуштат лигата по овие срамни сцени, клубот од Истанбул донесе одлука.
Али Коч, турскиот бизнисмен кој е на чело на спортскиот клуб Фенербахче од 2018 година, одлучи „жолто-сините“ сепак да останат во турскиот шампионат.
Барем засега, Фенербахче се откажа од идејата да се натпреварува во некој друг шампионат во Европа.
„На сите одржани состаноци дојдовме до заклучок дека повлекувањето од лигата е најмалку пожелна опција. Причината зошто опцијата не е добра е што во пониските лиги би морале да се справуваме со истите проблеми како сега. Опцијата за излез од лигата е тргната од дневниот ред до Генералното собрание на клубот на крајот на сезоната“, изјави претседателот на Фенербахче.
По 30 кола во турскиот шампионат, Фенербахче е на второто место со два бода помалку од Галатасарај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
