Турскиот гигант Фенербахче направи спектакуларен трансфер на германскиот интернационалец Месут Озил од Арсенал, а се интересира и за младиот талент на Работнички, Лука Станковски. Но, претседателот на клубот Али Коч јавно истакна дека клубот е во долгови од 460 милиони фунти и побара од фановите да помогнат при обезбедувањето на годишната плата на Озил. Германецот во Фенербахче ќе биде платен 13 милиони фунти по сезона.
„Имам барање до нашите навивачи. Би ве замолил да продолжите да не поддржувате, ние сме исто така зависни од вашата финансиска поддршка. На денот на потписот на Месут Озил беше остварен рекорд во СМС – кампањата. Можеби 500.000 пораки пристигнаа во еден ист момент. Имаше неколку милиони пораки. Тоа значи дека Фенербахче е едно големо семејство“, изјави Али Коч.
Турскиот клуб има инсталирано СМС – сервис со кој фановите на Фенербахче можат да му помагаат финансиски на клубот со испраќање на порака од мобилен телефон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













