Привремениот селектор на Германија, Руди Фелер, изјави дека победата од 2-1 над Франција на пријателскиот натпревар нема да ги промени неговите планови и дека ќе остане спортски директор на бундес-тимот без намера да стане постојан селектор.
„Перформансот во првото полувреме беше одличен. Во вториот дел изгледавме солидно. Вториот гол беше олеснување за сите нас. Игравме против тим од светска класа. Тоа е и за малку престиж, иако е само пријателски меч. Франција не сака да губи од Германија, тоа го знам. Се чувствуваме добро по последните порази“, изјави Фелер.
„Резултатот нема да ми го промени мислењето. Тоа е многу јасно“, дополни тој.
По неколку порази во серија, отказ од селекторската функција доби Ханси Флик.
Германија е домаќин на наредното Европско првенство следната година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













