Легендарниот турски стратег Фатих Терим се враќа на тренерската работа по речиси две години пауза. „Императорот“ ја шокираше Турција, ја прифати понудата од Грција и стана тренер на Панатинаикос.
На 71-годишна возраст, Фатих Терим прифати неочекувана работа и стана нов тренер на грчкиот гигант Панатинаикос.
Терим за турските медиуми потврди дека оди во Атина. Тој утре ќе го одработи првиот тренинг со тимот.
„Да, точно е, се договорив со Панатинаикос. Вчера сѐ беше готово, наутро патувам за Атина, а попладне ќе го одржам првиот тренинг“, изјави Терим.
Одлуката на познатиот стручњак да ја прифати поканата на „зелените“ од Атина е многу изненадувачка со оглед на заладените односи меѓу Грција и Турција кои никогаш не завршуваат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













