Ансу Фати ќе мора да оди на операција на коленото за да ги реши своите проблеми со менискусот еднаш засекогаш, тврдат шпанските медиуми. Операцијата е закажана за следниот четврток, на 13 мај.
Како што се очекува, по операцијата, 18-годишниот талент ќе пропушти уште најмалку два месеци пред конечно да се врати на тренинзи. Ова ќе биде трета операција на Фати од ноември 2020 година.
Ова значи дека тој најверојатно нема да може да настапи на Европското првенство, на жал на стратегот на Шпанија, Луис Енрике и цела шпанска јавност. Целта на надежниот фудбалер е дека ќе се реши проблемот за да нема потреба од повеќе операции, а се вели дека се подготвува за претсезоната со Барса.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski