
Елиф Елмас е вистински дијамант – и за Наполи, и за македонскиот фудбал во целина. Нашиот репрезентативец се најде во елитно друштво за фудбалери до 23 години, според својата вредност во моментот.
Најновото истражување на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) го вброи Елиф Елмас меѓу тројцата млади фудбалери во светот од средниот ред. Неговата вредност достигнува фантастични 70 милиони евра во овој момент.

На врвот е Џуд Белингам, англискиот репрезентативец кој го носи дресот на Борусија Дортмунд, чија вредност е 120 милиони евра. Веднаш зад него со проценета вредност од 70 милиони евра се Елиф Елмас од Наполи, Деклан Рајс од Вест Хем и Куртис Џонс од Ливерпул.

Најголема вредност, се разбира, имаат напаѓачите, како Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор и Фил Фоден. Меѓународниот центар за спортски студии ги вреднува со 150 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
