Connect with us

Фановите на Ренџерс направија фантастична кореографија, но Миовски и другарите загубија од Рома (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома остварија значајна победа на гостувањето кај Ренџерс во Глазгов, совладувајќи го шкотскиот тим со 0-2 во четвртото коло од Лигата на Европа. Италијанскиот гигант доминираше и уште во првото полувреме го реши прашањето околу победникот.


Матијас Суле го отвори резултатот во 13. минута, а до крајот на првиот дел Лоренцо Пелегрини со прецизен удар го постави конечниот епилог.

Во вториот дел Ренџерс се обиде да се врати во натпреварот, но безуспешно. Своја шанса доби и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој влезе во игра во последните дваесетина минути, но не успеа да остави забележителен белег.


Така, фановите на Ренџерс останаа разочарани, иако приредија фантастична кореографија на „Ајброкс“ пред стартот на мечот.

Во една од најинтересните средби вечерва, Бетис го совлада Олимпик Лион со 2-0. Двата погодоци паднаа во првиот дел — прво Езалзули погоди по половина час игра, а потоа Ентони, ѕвездата на шпанскиот тим, го удвои водството. Со ова Бетис ја впиша својата втора победа, а Лион го претрпе првиот пораз во групата.

Астон Вила ја доби својата драматична пресметка против Макаби Тел Авив со 2-0. Иако резултатот не носеше неизвесност, мечот беше обележан од хаосот пред почетокот поради забраната за влез на израелски навивачи. Победата на англискиот тим ја донесоа Иан Матсен и Дониел Мален.

Од останатите натпревари:
Болоња – Бран 0-0
Брага – Генк 3-4
ПАОК – Јанг Бојс 4-0
Штутгарт – Феенорд 2-0
Ференцварош – Лудогорец 3-1
Фенербахче – Плзен 0-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови