Група незадоволни навивачи на Пари Сен Жермен се собраа пред базата на клубот да протестираат против лошите настап на тимот. Во еден момент била повикана полиција, а засилено е и клупското обезбедување.
Мултимилионскиот тим на парижаните влезе во криза и ги загуби последните два меча за неколку дена против домашните ривали Олимпик Марсеј (2-1) и Монако (3-1).
Загриженоста на симпатизерите е поврзана и со тоа што за само неколку дена тимот го продолжува учеството во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето се соочува со Баерн Минхен.
Одреден изговор за тренерот Кристоф Галтие е фактот дека дел од ѕвездите на тимот и најдобри играчи, Мбапе, Меси, Верати и Ренато Санчез се повредени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













