Connect with us

Фановите на Јунајтед бесни: Роналдо направи циркус од клубот, треба веднаш да си замине

По интервјуто со Пирс Морган во кое Роналдо ги обвини сите во Манчестер Јунајтед, се огласија навивачите на клубот на социјалните мрежи. Слични се коментарите, Роналдо е тој кој нема почит кон клубот, ниту кон она што го направи во првиот престој на „Олд Трафорд“.


„Што побрзо си замине, толку подобро, не ни треба, го претвори клубот во циркус“, напиша еден навивач.

Се чини дека навивачите на „ѓаволите“ се најлути што Португалецот се става пред клубот.

„Неговото его уништи сè, штета е што на ваков начин ја завршува кариерата“, пишуваат фановите.

Коментарите на јавноста се дека еден од најдобрите фудбалери во историјата се однесува како разгалено дете, дека клубот треба веднаш да се ослободи од него. Од Јунајтед нема реакција, тие се цврсти во намерата да го решат ова внатрешно и да не се караат со фудбалерот во јавност.

Англиските медиуми пишуваат дека Португалецот сигурно е отпишан, но и дека можеби намерно дал вакво интервју за да замине половина година пред истекот на договорот, најверојатно во МЛС – лигата каде сезоната стартува во март.

Сега Роналдо се врти кон Португалија и кон Мундијалот, но јасно е дека заврши со Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови