Барселона го одигра првиот натпревар по заминувањето на Лионел Меси. Реал Сосиедад пристигна на „Камп Ноу“ во првото коло од Ла Лига, а каталонскиот тим славеше со 4-2.
Навивачите на Барселона се договорија во пресрет на натпреварот дека во десеттата минута ќе скандираат и ќе аплаудираат за да му оддадат почит на Лионел Меси, најдобриот фудбалер во светот, кој летово ја напушти Барселона по 21 година и кој го носеше дресот со број „10“ за каталонски клуб во поголемиот дел од неговата кариера.
„Меси, Меси“ извикуваа фановите од трибините на „Камп Ноу“ мавтајќи со неговите дресови и ги покажуваа пораките што ги напишаа за Аргентинецот кој кариерата ја продолжи во ПСЖ.
Меси сакаше да остане во Барселона, но каталонците немаа доволно пари да го задржат иако се согласи на многу помала плата отколку што имаше порано.
Barcelona fans chanting Messi’s name in the 10th minute ❤️ pic.twitter.com/nmcvyueSUq
— ESPN FC (@ESPNFC) August 15, 2021
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













