Connect with us

Фабињо ќе го пропушти финалето на ФА купот

Ливерпул ќе биде без Фабињо во финалето на ФА купот на Англија против Челси. Финалната средба од ФА купот е закажана за в сабота на „Вембли“, со почеток во 17.45 часот.


Менаџерот Јирген Клоп потврди дека играчот за врска ќе мора да одмори најмалку уште неколку дена откако се пожали на повреда на мускулот на дуелот против Астон Вила.

„Ќе го немаме Фабињо во финалето на ФА купот. Но, се надевам дека многу брзо ќе ни се придружи. Сезоната е исцрпувачка, но ќе издржиме. Сега е најважно затоа што се бориме за трофеите“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови