
Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед денеска (16 часот) ќе ги одмерат силите во финалето на ФА Купот. Пресметката меѓу градските ривали е реприза на минатогодишното финале, кога „граѓаните“ победија со 2-1.
Манчестер Сити со победа денеска ќе стане првиот тим кој триумфирал во две последовни години во Премиер – лигата и во ФА Купот.
Тимот на Пеп Гвардиола е фаворит во натпреварот пред сѐ поради лошата игра на нивниот ривал во Премиер-лигата оваа сезона. Манчестер Јунајтед заврши на осмото место, што е најниско рангирање на тимот од почетокот на Премиер – лигата. Евентуален пораз на „Вембли“ денеска ќе ги остави „црвените ѓаволи“ надвор од европските турнири само по вторпат.
Манчестер Јунајтед ќе мора без повредениот Хари Мегваер, но, сепак, има и добри вести – Лисандро Мартинез, Виктор Линделоф и Ентони Марсијал се вратија и би можеле да играат во финалето.
Пред само две недели, женскиот тим на Манчестер Јунајтед го освои ФА Купот со победата од 4-0 над Тотенхем на „Вембли“. Навивачите на „црвените ѓаволи“ се надеваат дека мажите ќе го повторат успехот на дамите и барем малку ќе надоместат за нивната лоша сезона.
Евентуален триумф на „граѓаните“ ќе им се допадне на Челси и на Њукасл. Победа на Сити ќе ги испрати лондончани во Лига Европа наместо во Конференциската лига, а за „чавките“ тоа ќе значи излез во европските натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
