
Поранешниот аргентински репрезентативец Езекиел Лавеци e избоден со нож во Уругвај и моментно е во болница. Според „RMC“, поранешниот напаѓач на Наполи и Пари Сен Жермен по расправија бил избоден неколку пати и се здобил со повреди во пределот на стомакот.
Покрај тоа, тој се здобил со скршеница на клучната коска и се наоѓа во болница.
Според информациите на „Ел опсервадор“, Лавеци бил нападнат и повреден од роднина на забава по кратка расправија за пари.
Но, пренесени се и други информации од кругот на луѓе блиски на Лавеци, кои изјавиле дека тој паднал од скала додека менувал сијалица и се повредил удирајќи во парче мебел. Ова предизвика реакција на полицијата.
Лавеци фудбалската кариера ја заврши во 2019 година во Хебеи, Кина. Ја започна во 2003 година во Естудијантес и таму беше до 2007 година кога се пресели во Европа каде пред заминувањето во Азија ги бранеше боите на Наполи и на ПСЖ.
За Аргентина одигра 51 натпревар и постигна девет гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal