
Торган Азар „ѓаволски“ го гризна Руи Патрицио во 42.минута и Белгија е во четвртфиналето на Европското првенство. Белгијците со 1-0 ја совладаа Португалија и ја одземаа европската круна и одат на четвртфинална пресметка против Италија во Минхен.
Кристијано Роналдо и компанија си одат дома. Можеби и не беа инфериорни, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на Тибо Куртоа. Во меч со тактичко надмудрување, Белгијците успеаја да постигнат победнички погодок и тоа поради одличниот шут на Торган Азар од 25 метри. Руи Патрицио дефинитивно можеше подобро да интервенира.
Кристијано Роналдо се закани од слободен удар во 25.минута, но Тибо Куртоа одбрани. Белгискиот голман беше одличен и при шутот со глава на Рубен Дијаш во вториот дел по корнерот на Бруно Фернандеш, а имаше среќа во 80.минута кога Рафаел Гереиро го погоди дирекот.
Европа ќе има нов шампион, Португалија си оди дома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
