
Поранешниот лев бек на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, вели дека за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“ имал посебна врска со Немања Видиќ, но и дека во еден момент се степал со српскиот стопер, поради што не разговарале три месеци.
Евра и Видиќ пристигнаа во Јунајтед во исто време, во јануари 2006 година, а воведните денови не покажаа дека ќе остават толку длабока трага во дресот на „црвените ѓаволи“.
„Бевме сместени во ист хотел и многу се мачевме на почетокот. Беше многу лошо и бевме испратени да играме за резервите еден натпревар, но бевме заменети на полувреме. Се сеќавам дека Видиќ тогаш рече дека мора да се врати во Москва, а Рома беше заинтересирана за мене. Поминавме многу тешкотии заедно, затоа имам таква почит кон него “, се потсети Евра.
Работите си дојдоа на свое место со текот на времето. Французинот и Србинот станаа незаменлив дел од одбраната во тимот на Сер Алекс Фергусон, но нивната врска се распадна во еден момент.
„Се степавме. После тоа не разговаравме три месеци. Игравме заедно, но не сакав да му кажам збор на теренот. Ни тој не ми зборуваше. Фергусон мораше да ги ротира Видиќ и Фердинанд за да го стави Рио на левата позиција, поблиску до мене. Тоа траеше три месеци, а по еден натпревар, Видиќ ми пријде во соблекувалната и ми ја подаде раката. Сите тогаш помислија „конечно“, бидејќи ние всушност бевме најдобри пријатели. Го сакам многу. На почетокот се мачевме, но покажавме дека сме вистински пријатели“, откри Евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
