Connect with us

Евертон го победи Њукасл и побегна од опасната зона (ВИДЕО)

Евертон оствари важна победа против Њукасл на домашен терен со 3-0 и ја напушти опасната зона на табелата во Премиер-лигата. Овој клуб доби казна од минус 10 бода, па неочекувано се најде во борбата за опстанок. Сепак, „карамелите“ успеаја малку да се искачат погоре во поредокот.

Мекнил во 79.минута го отвори резултатот, Докуре во 86.минута зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Бето во судиското продолжение од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови