
Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Џек Грилиш е новиот првотимец на Манчестер Сити, со кого до крајот на денот ќе потпише договор до 2026 година. Тој утрово пристигна во Манчестер каде ги помина медицинските прегледи, а прашање е на момент кога ќе го парафира договорот по најскапиот трансфер во историјата на Премиер – лигата.
Трансферот на англискиот репрезентативец од Вила во Сити вреди 100 милиони фунти, со што го надмина трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед пет години претходно.
Грилиш е најголемото засилување на Сити досега, а летово би можел да му се придружи Хари Кејн, кој на секој начин се обидува да го напушти Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
