
Лионел Меси е пред заминување од „Камп Ноу“, неговиот договор со Барселона истекува на крајот од сезоната, а се уште е крајно неизвесно дали Аргентинецот ќе остане во клубот каде што настапува низ целата кариера. И доколку замине, камерунскиот интернационалец Самуел Ето, кој своевремено многу успешно го носеше дресот на каталонскиот клуб и беше соиграч на Меси, вели дека Барса ќе пронајде негов наследник.
„Лионел Меси е фантастичен играч, еден од најдобрите во историјата и нема дилеми дека на Барселона ќе и биде потребен одреден период да се трансформира доколку Лео одлучи да замине. Впрочем, сите фудбалери еден ден ја завршуваат кариерата и тоа е неминовност. Барселона има одлични млади фудбалери во тимот, мислам дека Ансу Фати е неверојатно талентиран и би можел во иднина да биде лидер на составот. Да се надеваме дека тој ќе успее на одреден начин да го замени Меси“, изјави Самуел Ето.
Камерунецот од 2004 до 2009 година ја делеше соблекувалната со Лионел Меси и освои пет големи трофеи со клубот од „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Евро-фудбал
Нови проблеми за Ханси Флик во Барселона

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
