Потпретседателот на фудбалската федерација на Ерменија, Армен Никогосијан, најави дека националниот тим на земјата може да биде преземен од легендата на Реал Мадрид, Раул. Поранешниот шпански репрезентативец е опција за наследник на Александар Петраков, кој беше отпуштен минатиот месец по поразот од Македонија во Лигата на нациите.
„Со претседателот на федерацијата, Армен Меликбекјан, имавме состанок со Мишел Дер Закаријан, но тој постави многу високи финансиски барања. Ја разгледавме и опцијата тимот да го предводи Маргар Агаджањан. Опциите се да назначиме тренер кој веднаш ќе почне со работа или таков што ќе ја преземе должноста од следната година. Меѓу кандидатите има многу имиња, вклучително и Раул“, сподели Никогосијан.
47-годишниот поранешен легендарен напаѓач моментно го води вториот тим на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ е подготвен да му понуди нов договор, но неговата желба е да бара нов предизвик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













