
Ерлинг Халанд одлучи каде сака да ја продолжи кариерата. Ги растажи сите клубови кои сакаа да го доведат во летниот преоден рок.
23-годишниот норвешки напаѓач е еден од најбараните фудбалери во светот. Сепак, изгледа дека нема да оди никаде од „Итихад“, барем не ова лето.
По извонредните настапи за Манчестер Сити и 71 гол во 84 настапи, норвешкиот напаѓач се најде на радарот на Реал Мадрид.
Неодамна на печатот во Шпанија дури се зборуваше за планот на Флорентино Перез, претседателот на Реал, следното лето да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд заедно на „Сантијаго Бернабеу“.
Но, според последните информации на англиските новинари овој план на „кралевите“ има мали шанси да успее.
Ерлинг Халанд не размислува за трансфер во Реал Мадрид и сака да потпише продолжување на договорот со Манчестер Сити. Преговорите за нов договор привремено ги „блокираше“ менаџерката на играчот, Рафаела Пимента, но се чини дека наскоро сѐ ќе биде комплетирано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
