Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен, призна дека е подготвен да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ и чека понуда од раководството на клубот. 32-годишниот Данец игра одлично оваа сезона и сè почесто се наоѓа меѓу стартерите кај Ерик тен Хаг.
Сепак, неговиот актуелен договор истекува летово, па неговата иднина останува неизвесна.
„Работите не зависат од мене кога станува збор за истекот на мојот договор, клубот треба да одлучи дали сака да ме задржи. Среќен сум овде. Ако добијам понуда пред истекот на договорот летово, дефинитивно сериозно ќе ја разгледам. Во некои натпревари играм, во други не. Последниве две сезони понекогаш играв, понекогаш не, но сигурно сум среќен што го носам дресот на Манчестер Јунајтед. Тренерите одлучуваат кој ќе игра, а јас можам само да го давам најдоброто од себе“, изјави Ериксен.
Ериксен пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година како слободен агент од Брентфорд. Досега има одиграно 82 натпревари, постигнато седум голови и забележа 16 асистенции за „црвените ѓаволи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













