Connect with us

Ериксен: Неверојатно е дека ќе играм на Светско првенство

Кристијан Ериксен го опиша своето враќање на теренот како „неверојатно“ додека се подготвува да игра за Данска на Светското првенство во Катар.


Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед доживеа срцев удар во јуни 2021 година за време на натпреварот на Данска против Финска на ЕП 2020, но помалку од 18 месеци подоцна ќе патува во Катар на Светското првенство.

Првично беше нејасно дали Ериксен ќе може да се врати во фудбалот, а тој беше ослободен од Интер бидејќи не можеше да игра во Италија поради правилата за вградување на дефибрилатор.

Враќањето во Премиер – лигата со Брентфорд привлече внимание, па тој се пресели во Манчестер Јунајтед, додека на меѓународна сцена неговиот однос со тимот стана „многу силен“.

„Првата работа што ја кажав јавно беше дека сакам да се вратам и да имам шанса да бидам на Светското првенство и тоа сега е навистина неверојатно“, изјави тој за „Sky Sports“.

Данска ја отвори својата кампања на Светското првенство против Тунис на 22 ноември пред да се соочи со Франција и со Австралија во групата Д.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови