Кристијан Ериксен повторно игра како некогаш, во најдобрите денови, и затоа е на цена во Премиер – лигата. Брентфорд ќе се обиде да го задржи, но мали се шансите Данецот да остане и по истекот на договорот во јуни.
Англиските медиуми пишуваат дека Ерик тен Хаг го посакува Ериксен на неговиот нов почеток, во Манчестер Јунајтед.
Ериксен на лето ќе биде слободен и бидејќи се врати во врвна форма, нема дилема дека би бил врвно засилување за секоја екипа.
Тен Хаг ги знае квалитетите на Ериксен, има и огромно искуство, може да игра на неколку позиции во неколку различни формации, така што ова не е изненадување.
Ериксен има 30 години и ако е здрав и подготвен, може да биде огромно засилување за „ѓаволите“. За него е заинтересиран и Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













