Шкендија се врати во победнички ритам, па иако се уште заостанува шест бода зад новиот лидер Вардар, тренерот Ерхан Селими верува дека тимот допрва ќе влезе во потребната форма. Неговата анализа е дека Шкендија апсолутно ги заслужи трите бода против Струга Трим Лум, со доминација во текот на целиот меч.
„Целта е остварена, освоивме три нови бода во доминантна игра. Не му дозволивме на противникот воопшто да го загрози нашиот гол, рано го отворивме резултатот, постигнавме и втор гол навреме за потврда на триумфот. Има уште простор за напредок во играта, Шкендија може уште подобро, но влегуваме во потребниот ритам“, вели тренерот Ерхан Селими. Тој го наследи Ќатип Османи на клупата и го реанимираше составот кој лошо ја почна сезоната.
Во следното коло Шкендија ќе гостува на Чаир и ќе ги одмери силите со Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













