Connect with us

Енцо Фернандез одлучи да остане во Бенфика

Најдобриот млад играч на Мундијалот, Аргентинецот Енцо Фернандез (21), славејќи го голот во победата на Бенфика во куп натпреварот против Варзим, навести дека нема да направи трансфер во овој преоден рок.


Сагата за неговото заминување сега треба да заврши. Голот што го постигна во 78. минута од натпреварот против Варзим и со тоа ги постави конечните 2:0, јасно става до знаење дека е одлучен да остане во Бенфика.

Иако долго време беше најавуван како нов играч на Челси и иако тој наводно инсистирал самиот да замине во Лондон, тој направи гест со кој им порача на навивачите на Бенфика дека ќе остане во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови