Connect with us

Ентони Тејлор за колабирањето на Ериксен: Кога човекот ќе види колку е скапоцен животот…

Ентони Тејлор, судијата што ја делеше правдата на мечот од Европското првенство меѓу Данска и Финска, се потсети на немилите случки и колабирањето на Кристијан Ериксен, но и на херојското дело на лекарскиот тим и поддршката што на соиграчот му ја дадоа данските репрезентативци. Тој вели дека секогаш ќе се сеќава на најтешките мигови во судиската кариера.

„Беше на десетина метри од мене и ја имаше топката. Кога го погледнав, сфатив дека нешто не е в ред. Веќе следниот миг тој падна на теренот. Тоа беа најтешките мигови во мојата кариера. Веднаш ги повикав лекарите, тие беа вистинските херои, успеаја да го анимираат Ериксен. Мојата работа беше медијална. Ме повикаа и ме прашаа дали може неговата девојка да се симне на теренот. Јас немав дилеми, веднаш дозволив. Тука клучна улога одигра Симон Кјаер, најдобриот пријател на Кристијан Ериксен. На перфектен начин во тие тешки моменти и даде поддршка на неговата избраничка. Знаете, во тие мигови човек гледа колку е скапоцен животот. За среќа, се добро се заврши. Јас не сакав да го продолжиме мечот. Но, Ериксен се освести и имаше разговор со неговите соиграчи од репрезентацијата на Данска, ги замоли да продолжат да играат за него. Така сите се вративме на теренот, но во воздухот остана тензијата. Не беше пријатно, сите мислевме дали се чувствува добро Кристијан Ериксен“, раскажува Ентони Тејлор.

Данскиот репрезентативец беше задржан неколку дена во болница, му беше извршена операција и беше вграден дефибрилатор, а сега неговата здравствена состојба е нормализирана.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови