
Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони остро ги отфрли обвинувањата за семејно насилство од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин. Бразилската инфлуенсерка даде интервју за сајтот „UOL“, во кое рече дека Ентони повеќепати физички ја нападнал, вклучително и додека била бремена.
Таа покажа фотографии од нејзините повреди и слики од екранот од нејзината преписка со фудбалерот. Материјалите ќе ги користи полицијата во текот на истрагата.
Првично, агентот на Антони изјави дека нема да ја коментира ситуацијата, но играчот реши да го искаже својот став со објава на Инстаграм.
„Од почит кон моите фанови, пријатели и семејството, се чувствувам должен јавно да се осврнам на лажните обвинувања на кои бев жртва. Ја сфатив сериозно оваа работа од самиот почеток и дадов опширни објаснувања на полицијата. Во моментов е во тек истрага и не можам да дадам детали.
Сепак, можам со сигурност да кажам дека обвинувањата се лажни и дека доказите што се веќе обезбедени, како и оние што допрва треба да се обезбедат, покажуваат дека сум невин.
Мојот однос со госпоѓица Габриела беше бурен, со вербално малтретирање од двете страни, но никогаш не бев физички агресивен. Секојпат, без разлика дали во сведочењето или во интервјуата, таа изнесува различна верзија. Затоа, решив јавно да ги отфрлам обвинувањата и да објавам дека останувам целосно на располагање на бразилските власти за расветлување на случајот. Верувам дека полициската истрага ќе ја открие вистината за мојата невиност“, напиша Антони.
Во меѓувреме, бразилските медиуми објавија дека напаѓачот ќе биде изоставен од составот на „Селекао“ за претстојните светски квалификации против Боливија и Перу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
