
Европска класика. Италија против Шпанија на „Вембли“ во дуел за место во големото финале на Европското првенство.
„Аѕурите“ се во полн налет, играат одлично на шампионатот, уриваат рекорди на непобедливост. Селекторот на Шпанија, Луис Енрике очекува тежок натпревар, но вели и дека ќе биде забавно да се одмерат силите против Италија на ЕВРО.
„Ќе се сретнеме со една забавна Италија, која игра убав фудбал. Играат офанзивно, Роберто Манчини внесе многу поинаков дух во оваа селекција. Имаат одличен баланс и играат добро во нападот, а отсекпхаш биле цврсти во одбраната. Мислам дека гледачите ќе гледаат еден забавен натпревар на две селекции кои играат интензивен фудбал. Верувам дека можеме да стигнеме до големото финале иако нема да биде воопшто лесно“, истакна Енрике.
Мечот меѓу Италија и Шпанија е закажан за 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
