Connect with us

Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски ас и капитен на националниот тим, Енис Барди, ќе остане во Турција и ќе ја носи „десетката“ на Коњаспор, каде што потпиша двегодишен договор откако замина од Бодрумспор.

Барди дојде како слободен играч, а според турските извори, неговата годишна плата ќе изнесува околу милион евра.

Во својата кариера, 30-годишниот Барди има играно за клубови како Преспа Бирлик, Ујпешт, Леванте и Трабзонспор, а сега Коњаспор му е трет тим од турската лига. Последната сезона ја помина како клучен играч на Бодрумспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови