Connect with us

Елмас стартер, Наполи го тресна Јувентус (ВИДЕО)

Наполи го доби дербито со Јувентус на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 2-1 и му нанесе уште еден голем удар на тимот на Масимилијано Алегри. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во тимот на „наполитанците“ и го одигра првото полувреме, а потоа беше заменет од Оунас.

Јувентус поведе со голот на Алваро Мората по грешката на Манолас во десеттата минута. Израмни Матео Политано во 57.минута, откако слабо реагираше Шчешни по шутот на Лоренцо Инсиње, а победничкиот гол за Наполи го постигна Калиду Кулибали во 85.минута.

По корнерот од левата страна, Моисе Кин за малку ќе си постигнеше автогол, Шчешни ја одби топката, но само до Кулибали кој ја спроведе во мрежата.

Јувентус по три одиграни кола во Серија А има само еден освоен бод, а Наполи максимални девет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови