
Македонскиот фудбалски репрезенативец Елиф Елмас денеска за првпат се појави како капитен на Наполи. Тој беше предводник на тимот на денешниот пријателски натпревар против Јуве Стабија.
„Наполитанците“ славеа со 3-0, а на овој меч играа и новите фудбалери Симеоне, Распадори и Ндомбеле.
„Ова беше уникатно чувство за мене, да бидам капитен на Наполи. Им благодариме на навивачите кои дојдоа да нѐ поддржат на овој пријателски натпревар. Новите фудбалери имаат одличен квалитет и верувам дека ќе се вклопат успешно во тимот. Од утре се подготвуваме за мечот со Фиорентина“, изјави Елмас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
