Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ја пречекува Италија во Скопје, во нов натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. „Аѕурите“ имаат нов селектор, Лучијано Спалети, кој ќе го промени стилот на играта на Италија, а тоа добро го знае Елиф Елмас, кој под водство на Спалети ја освои титулата со Наполи во Серија А минатата сезона.
„Го познавам доста добро Спалети. Очекувам високо да излезат, да имаат игра со многу посед. Игра во која Италија ќе доминира. Ќе видиме дали тоа ќе им успее. Секако дека има разговори на темата со моите соиграчи од Наполи. Сепак, професионалци сме и нема сентименталности. Секако дека ќе излеземе на терен да одработиме она што ќе го бара од нас селекторот. Италија ќе излезе на терен за да победи, ние мораме да одиграме перфектно, доколку сакаме да оствариме позитивен резултат.“
Италијанците исто така имаат проблеми со составот, како и Македонија. Спалети поради повреди мораше да ги остави дома Федерико Киеза и Лоренцо Пелегрини.
Натпреварот меѓу Македонија и Италија се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“„ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













