Селекторот Игор Ангеловски во ексклузивната колумна „Дневникот на селекторот“ на МАКФУДБАЛ објасни дека на предлог на Елиф Елмас, кој ги собира парите од казни за репрезентативците, од насобраниот буџет е купен огромен звучник, а заедно со Дарко Чурлинов се задолжени за „диџејството“. Звучникот ги следи репрезентативците во соблекувалната пред тренинг, во ресторан, за време на доручек, ручек и вечера.
Ечат македонски песни од Гоце Арнаудов и останатите…Во комплетно македонски ритам, фудбалерите ги ситнат часовите до првиот натпревар против Австрија, на 13 јуни, во 18 часот…
🎚Звучникот на Елмас и другарите!🎉 #EURO2020 #MKD pic.twitter.com/u6zfj4p21q
— Team Macedonia (@PrvaLigaMK) June 10, 2021
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski