
Наполи дојде до тешко остварен триумф против Торино (1-0) на стадионот “Диего Армандо Марадона”. Најблиску екипата на Наполи до кршење на бедемот на одбраната на торинскиот тим, првично, дојде во 27. минута, кога беше доделен удар од белата точка за домаќините.
Инсиње, сепак, не беше успешен, а за него, ова беше петиот промашен пенал оваа календарска година. Шанса за поправка, играчите на Лучијано Спалети добија во 57. минута, откако Ди Лоренцо постигна погодок. Но евентуално, погодокот беше поништен откако се разгледуваше на ВАР.
Торино беше само на чекор до остварување голем бод против актуелниот лидер на табелата во Серија А, но “бикот” веќе ја загуби концентрацијата, па во 81. минута, Осимен го постигна победоносниот гол, за кој најголема заслуга имаше македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Додека фудбалерите на Торино ја расчисуваа топката од нивниот шеснаесетник, таа случајно се одби од грбот на Елмас и заврши на главата на Нигериецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
