Connect with us

Елиминација за Шкендија: Ноа победи и во Скопје (ВИДЕО)

Македонскиот претставник Шкендија го заврши настапот во Европа оваа сезона уште во првото коло од квалификациите за Конференциската лига. Тимот на Јетон Беќири загуби со 1-2 од ерменскиот тим Ноа на Националната арена “Тодор Проески”, па со два порази ја завршува аванѕурата. Шкендија требаше да ја анулира негативата од два гола (0-2) од првиот меч во Ереван, но не беше ниту блиску до таков резултат.

Работата стана уште потешка откако Александар Миљковиќ донесе водство за тимот на Ноа во 20.минута од дуелот. Шкендија требаше да брка предност од три гола, што делуваше и психички на домаќинот.

Клисман Цаке во 53.минута успеа да израмни и даде мала надеж, но недостигаше веројатно уште еден за кус период за да стори нешто повеќе во финишот.

Затоа ерменскиот тим Ноа не пропушти да слави и на реваншот во Скопје. Во 91.минута, Вирџил Пинсон постигна гол за нов триумф на Ерменците, кои заслужено одат во следната рунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови