Connect with us

“Ел Класико 2021”: Кој клуб има поголем број на триумфи на “Камп Ноу”?

Реал Мадрид ѝ гостува на Барселона на “Камп Ноу” во недела во најголемиот натпревар во Европа, веројатно и на целата планета. Ова ќе биде првото дерби без Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Серхио Рамос. Без разлика на тоа што нивната прва средба се одржала на хиподром, овие клубови често се соочуваа еден со друг во поголемите фази, со тоа што “Сантијаго Бернабеу”, стадионот на Реал Мадрид, бил домаќин на поголем број натпревари.

Сепак, на теренот на Барса, каде ќе се игра претстојното “Ел Класико”, отсекогаш била доминантна домашната екипа, славејќи 61 пат, додека “кралскиот клуб” победил во 30 наврати, а овие два гиганти ремизирале 26 пати. Од 117 одиграни натпревари на овој стадион, 91 од нив биле во Ла Лига, при што Барса победила 50 пати, Реал Мадрид 21, а 20 пати ремизирале.

Во Копа дел Реј и натпреварите од лигашкиот куп кои биле одиграни на “Камп Ноу”, каталонците стигнале до триумф на шест натпревари, додека “белите” од Мадрид го направиле тоа пет пати. Во шпанскиот Суперкуп, пак, Реал и Барса седум пати се сретнаа на Камп Ноу, а тие дуели завршиле со четири триумфи на домаќините, два на гостите и на еден, немало без победник.

Реал Мадрид, сепак, има предност во средбите во Лигата на шампионите во домот на Барселона, бидејќи забележал две победи, додека домашниот тим победил само еднаш и има уште едно реми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови