Connect with us

Ексклузивна колумна на Филип Лам: Спортот е политика…Не, не… Спортот е поголем од политиката!

„Views of a footballer“ е колумна на Филип Лам, во соработка со новинарот Оливер Фрич, на германскиот интернет магазин „Zeit Online“, која ексклузивно во Македонија ја објавува www.makfudbal.mk. Истовремено колумната се објавува и во неколку реномирани медиуми во Европа (L’Eqipe, The Guardian, La Repubblica, Politiken, Delo, Sports Daily, Sport Voetbalmagazine, Gazeta Wyborcza, Tribuna, Dennik).


Поранешниот капитен на светскиот првак Германија и директор на турнирот ЕВРО 2024 ќе ги анализира фудбалските теми и ќе разговара за нивната стратешка важност за општеството, економијата и политиката.

Спортот е политика. Најмалку се зборува за спортот во пресрет на 2022 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри во Пекинг и Светското фудбалско првенство во Катар. Доволно е само да отворите неколку светски медиуми кои на своите спортски страници се занимаваат со дипломатскиот бојкот на Олимпијадата од страна на САД, Велика Британија и други земји, тивка дипломатија на ИОК и правата на работниците во Катар.

Една вест доби особено внимание ширум светот. Поради загриженост за животот на кинеската тенисерка Шуаи Пенг, поранешниот светски рекет број еден во двојки, ВТА ги суспендираше сите турнири во Кина. Севкупно, околу триесет отсто од приходот на ВТА доаѓа од Кина, при што финалето на турнирот во Шенжен еквивалентно носи заработка од околу 12 милиони евра, повеќе од кој било друг настан во женскиот тенис. Но, играчите сега велат: Нема да играме.

Силниот став е традиција во женскиот тенис, чија историја е обележана со личности. Во шеесеттите години, основачката на ВТА и повеќекратна гренслем победничка, Били Џин Кинг, водеше кампања за еднаков третман и плаќање на двата пола. Подоцна, повеќекратната победничка на Вимблдон, Мартина Навратилова, водеше кампања за правата на хомосексуалците. Наводно послабиот пол, всушност, доминира во борбениот режим.

Спортистките ја претворија својата федерација во независна институција.

Конзистентната одлука на ВТА испраќа сигнал: Можете да кажете „НЕ“ во спортот. Преговорите бараат интеракција – приближување еден кон друг, но и повлекување од време на време. Во фудбалот инвестираат и земјите во кои човековите права не се гарантирани. Овие земји се дел од глобалниот спорт и нудат толку многу пари што на многумина им е тешко да одбијат.

Германската телевизија „ЗДФ“ неодамна спроведе истрага со скриена камера. Репортерот разговараше со работници од Непал, Пакистан и Бангладеш кои градат стадиони и патишта во Катар. Осуммина од нив живеат во една соба, заработуваат по 300 евра месечно, но со месеци чекаат за плата. Истражувањето откри дека не 6.500, туку 15.000 печалбари загинале на работни задачи во Катар од доделувањето на Светското првенство пред единаесет години.

Извештајот содржи и атрактивни сцени од мечот од Арапскиот куп во 2021 година и од сите осум нови стадиони. Во земја со 2,7 милиони жители, половина од Словенија, сега има осум од најмодерните, најскапите и најубавите стадиони во светот, на растојание од помалку од еден час возење. Извештајот на „ЗДФ“ беше исчекување на дилемата пред Светското првенство следната година. Луѓето знаат за ситуацијата во Катар и сè уште уживаат во гледањето на спектакуларните слики и најдобрите тимови.

Оваа дилема е очигледна. Кога Светското првенство во 1978 година се одржа под раководство на аргентинскиот воен режим, многу играчи немаа одговори на прашањата за човековите права. Денес на светот веќе не може да се гледа толку наивно. Благодарение на постојаното известување на новинарите, сите вклучени знаат подобро од порано за тоа што се случува на далечните континенти. Повеќето фудбалери имаат и повеќе време да се занимаваат со вакви прашања поради напредната професионализација. Јавни личности како нив, исто така, се очекува да се информираат и надвор од нивниот фудбалски терен. Сега кога светот стана глобално село, сите ги знаат условите во Катар.

Некои фудбалери велат „стоп“ и бараат да се почитуваат човековите права.

„Мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на вакво нешто во иднина при доделување договори“, вели германскиот интернационалец Леон Горецка. „Се разбудивме предоцна, јас се разбудив предоцна“, пишува Тим Спарв во отвореното писмо. Во него, капитенот на Финска ги повикува играчите, медиумите и навивачите да зборуваат за условите за работа во Катар“.

На мала сцена, овој фронт веќе вроди со плод. Кога еден црномурест играч беше расно навредуван од гледач за време на натпреварот од третата лига меѓу МСВ Дуизбург и ВФЛ Оснабрик во Германија во декември, тимовите беа тие што инсистираа натпреварот да биде прекинат. Сите играчи брзо се согласија дека сакаат да го дадат овој пример: играчи, двата клуба, судиите, здружението и навивачите од двата табора.

Поединецот не е немоќен, луѓето можат да ја направат разликата. Мало е местото каде што започнувате, големо е местото каде што може да заврши. Грета Тунберг имаше петнаесет години кога застана сама на улица во Стокхолм за да го привлече вниманието за климатските промени. Многумина се приклучија и тоа ја промени политиката.

И фудбалот. На пример, ЕП 2024 во Германија може да се оцени како успешно само ако се земат предвид еколошките аспекти. Нашите подготовки се веќе во тек.
Можам да се сметам за среќен што сум роден во демократија. Не беше одамна кога условите во мојата родна земја беа поинакви. Пред добри три децении Германија беше поделена, источниот дел беше диктатура. И другите народи во Европа минуваа низ промени.

Европското првенство во 1964 година се одржа во фашистичка држава, а репрезентацијата на Шпанија го освои својот домашен турнир пред генералот Франко. Тој сè уште беше на власт кога Светското првенство во 1982 година и беше доделено на Шпанија. До моментот кога се случи, Шпанија беше демократска држава.
Големите спортски настани, особено во фудбалот, предизвикуваат огромно внимание. Во денешно време, европските и светските првенства бараат секој кој учествува да се занимава со работните услови и човековите права, со Катар и со Пекинг.

И на Европското првенство во 2024 во Германија, Европа ќе преговара меѓусебе како сака сите да живееме заедно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови