Германскиот првак Баерн Минхен ќе се обиде да го купи Ерлинг Халанд. Тиражниот таблоид „Билд“ носи ексклузивна информација дека во текот на денешниот ден спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ имал средба со фудбалерот на Борусија Дортмунд и му ја претставил намерата тој да се пресели на „Алијанц арена“ ова лето.
Роберт Левандовски можеби ќе си замине, Баерн Минхен гледа алтернатива во Себастијан Халер, напаѓачот на Ајакс, но секако дека ангажманот на Халанд би бил вистински џек-пот.
Баерн Минхен е подготвен да ја плати клаузулата од 75 милиони евра и да го направи Ерлинг Халанд најплатен фудбалер во Бундес-лигата.
Сепак, конкуренцијата за трансферот на Халанд е огромна, тука се и Манчестер Сити, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













