Connect with us

Екс-тренерот на Гостивар претепан на улица во Истанбул (ВИДЕО)

Поранешниот тренер на македонскиот прволигаш Гостивар, Октај Дерелиоглу, е жестоко нападнат и претепан од насилници при сообраќаен метеж во Кадикој, област во Истанбул. Тој бил со својата сопруга, а насилниците ги нападнале во автомобилот.


Октај Дерелиоглу има посериозни повреди, најверојатно ќе мора да биде опериран, поради повреда на рамото.


„Двајца градски насилници излегоа од автомобилот и почнаа да нѐ тепаат. Дојдов на ред да влезам на еднонасочниот пат. Погледнав, а тој не ми даваше простор. Се турнав напред малку. Чекав да помине лево. После тоа удрија во нашиот автомобил, излегоа и ми ја отворија вратата. Секако дека се обидовме да се заштитиме и одбраниме, меѓутоа и настрадавме. Зошто овој гнев и лутина? Жена ми беше со мене. По инцидентот, рамото ми беше изместено. Имам и други повреди. Сакам овој инцидент да биде пример за во иднина. Навистина сакам овие луѓе да добијат тешки казни“, изјави Дерелиоглу за турските медиуми.


Неговата сопруга Башак Дерелиоглу откри дека напаѓачите имале и оружје со себе.


„Едниот од нив имаше нож во раката и пиштол на половината. Фала богу што не посегнаа и по нив. Тој дојде од мојата од страна, биде дека во автомобилот има жена. Од другата страна дојде вториот напаѓач, ја отвори вратата на Октај и веднаш го нападна. Како да го видел непријателот. Мислам, требаше да ја видите таа омраза на неговото лице. Ова беа навистина лоши луѓе“, изјави таа.

Октај Дерелиоглу го предводеше Гостивар во периодот во второлигашка конкуренција. Тој е поранешен истакнат фудбалер на Бешикташ и на Трабзонспор, како и турски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови