
Францускиот шампион ПСЖ денеска го потврди трансферот на одличниот напаѓач Уго Екитике од Ремс.
20-годишниот напаѓач потпиша петгодишен договор со парискиот клуб и ќе го засили и онака моќниот напад на ПСЖ.
„Чувствата се измешани, има многу емоции. Горд сум што дојдов во ПСЖ. Голема чест е да се биде во овој клуб”, изјави Екитике.
Младиот напаѓач за малку ќе завршеше во Њукасл. Клубовите постигнаа договор, но Уго одби да замине во Англија. Тој тврди дека клубот го избрал со срце.
„Срцето избра. Јас сум Французин, ПСЖ е клуб од мојата земја и клуб со одлични играчи. Има многу квалитет и можност да се бориме за трофеи. Тоа беше сосема логичен избор за мене. Имам се што можам за да напредувам“, истакна младиот напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal