
Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи е на чекор до заминување од Шкендија и преселба во првенството на Албанија. Тој треба да потпише договор со Тирана.
Раководството на Тирана и Бејтулаи ги договориле условите за негов премин во клубот и останува само да биде потпишан договорот и да се одржи официјалната промоција.
Тренер на Тирана е Оргес Шехи, кој беше во комбинација да седне на клупата и на Шкендија и на негово инсистирање искусниот македонски дефанзивец ќе се пресели во Тирана.
Од Тирана си замина Кристијан Тошевски, кој можеби ќе дојде токму во редовите на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Млади репрезентации
Македонија У19 убедливо ја победи Црна Гора на гости во вториот тест
