Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го назначи поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, за менаџер на тимот на местото на Ерик тен Хаг, откриваат англиските медиуми.
Според британскот печат, 41-годишниот стратег е вклучен на списокот на кандидати за улогата на нов тренер на „црвените ѓаволи“.
Последната работа на Терзиќ беше со Борусија Дортнунд. Минатата сезона, под негово водство, тимот стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Реал Мадрид.
Тен Хаг е на кормилото на Манчестер Јунајтед од летото 2022 година. Оваа сезона, тимот е на 14. место на табелата во Премиер – лигата, освојувајќи 8 бода од седум натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













